Обама почнува нова студена војна?

Дали новите санкции против Русија значат дека светот влегува во нова студена војна? Ова беше првото прашање што му беше поставено на претседателот на САД Барак Обама, откако на 29 јули објави дека ќе воведе нови санкции кон руската економија.

- Не, тоа не е нова студена војна. Тоа е посебна состојба..., одговори Обама.

Но, Нобеловата награда за мир која ја доби Обама во 2009 година речиси во вид на специфичен политички аванс, веќе одамна ја заборавивме како некаков чуден историски факт. Тоа секако не е за чудење. Сите држави во кои Вашингтон активно  ја спроведуваше својата политика од тоа време на мандатот на Обама, сега им е или полошо или целосно ја изгубија својата државност. Како Украина, Либија и Ирак или се наоѓаат во граѓанска војна како Сирија или се сосема близу до граѓанска војна како Авганистан.

Со оглед дека токму Вашингтон е иницијатор на апсурдните, со ништо не докажани обвиненија за агресијата во Украина на сметка на Русија, а и санкциите кон Москва, тогаш заклучокот за тоа кој светот од состојба на мир го носи во состојба на студена војна е ист.

Руските експерти од ПВО се убедени дека никакви ракетни комплекси „Бук М1“ (сепаратистите немаат таква опрема) не се виновни за уривањето на малезискиот патнички авион, вели Константин Сивков претседател на Академијата за геополитички проблеми. - Прва работа која прави голема разлика во врска со таа ракета е во тоа што по нејзиното лансирање, нејзината трага стои на небото 10 минути. Но, никој на ведрото небо не видел такви траги. Малезискиот авион, а тоа целосно е јасно, беше урнат од авион од типот ловец. Дури и кога најмногу претеруваат во смисла на техниката која ја поседуваат сепаратистите, никој досега не рече дека тие имаат своја авијација, вели Свиков.

Како сосема безкрупулозни обвиненија на сметка на Москва, Константин Сивков (работел во Генералниот штаб на Вооружените сили на Русија), ги смета тврдењата дека Москва наводно ги прекршила условите од Договорот за ракети од среден и кус дострел од 1987 година. Во Русија навистина се спроведува модернизација на ракетите од среден и кус дострел. Но тука се работи за подморници кои не се внесени во одредбите на Договорот.

САД веќе фактички и укажуваат на Европа како да ја води својата политика и ние навистина сме на работ на студена војна, смета директорот на Центарот за европска безбедност од Институтот Европа РАН, Дмитриј Данилов. - Тажно е што излез од оваа криза сега не е на повидок, како кризата од 90-тите години од минатиот век. Може да се види какви ќе бидат евентуалните економски загуби од санкциите и за бизнисот во Европа и за бизнисот во Русија, но работата е многу посериозна. Се работи за геостратешка преориентација на цели региони, смета Данилов.

Русија сега е принудена да не бара дополнителни можности за сопствениот развој, туку алтернативи. Европа оди по пат кој самата го избра, или кој и го наметнуваат, губејќи ја Русија како стратешки партнер.

Секако, се уште целосно не сме влезени во студена војна, иако навистина сме многу блиску до тоа, смета познатиот руски аналитичари, професор на Руската академија по макроекономија Владимир Штол. - Москва треба јасно да ја дефинира својата црвена линија, која би била гранична линија за влез во студена војна. Тоа на пример е влезот на Украина во НАТО, вели Владимир Штол.

- Капка што ќе ја преполни чашата, за Русија може да биде присуство на војската на НАТО на територијата на Украина. Ако своевремено доволно активно не реагиравме на влезот на земјите-членки на поранешниот Варшавски блок, а потоа и некои поранешни советски републики, тогаш денес со влезот на Украина во НАТО или војската на Алијансата на нејзина територија, веќе може да биде нешто што ќе ја надмине таа црвена линија. Сепак, ако таа не се надмине, тогаш можно е да продолжат нормалните односи, наведува Штол.

Барак Обама во текот на средбата со новинарите на 29 јули, изјави дека САД не разгледуваат варијанта за укажување на воена помош на Украина. За сега. Така, можеби се уште има време да не се дозволи почеток во нова студена војна.

Гласот на Русија - Москва



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...