Настаните во Хонг Конг: Внатрешни причини или влијание од надвор?

Масовните протести во Хонг Конг се продолжуваат. Властите и демонстрантите се обвинуваат меѓусебно за кршење на поредокот и претерана примена на сила. За тоа како светските медиуми ги објавуваат овие настани, за внатрешните причини на конфликтот и можна улога на САД, зборуваат експертите.

Нереди во Хонг Конг

Минатата сабота демонстрантите во Хонг Конг покренаа акција Occupy Central. Тие го блокираа бизнис центарот во градот и се обидоа да се пробијат во владиниот комплекс. Во судирите со полицијата повредени се десетици луѓе, а исто толку се задржани. Демонстрантите бараат директни избори за градоначалник на 7 милионскиот Хонг Конг и во јуни спроведоа 10 дневен он-лајн референдум со учество на 800.000 луѓе, кој Пекинг не го призна.

САД веќе го поддржаа барањето на демонстрантите, изјавувајќи дека легитимноста на шефот на администрацијата на Хонг Конг ќе зајакне ако на народот му се пружи реален избор меѓу разни кандидати. Ние го поддржуваме општото проширување на правата во Хонг Конг во согласност со основното законодавство. Ги поддржуваме надежите на народот во Хонг Конг – истакна секретарот за печат на претседателот на САД Џош Ернест.
Водечкиот научен соработник на Институтот за меѓународна економија и меѓународни односи РАН Александар Селицки смета дека во таквиот став на Вашингтон нема ништо чудно.

Одамна се соочуваме со тоа дека ставот на САД се изразува во тоа дека секоја нова влада е подобра од старата, кога се работи за земји кои не се американски сојузници.

Истовремено експертот потенцира дека САД најверојатно нема директно да се меша во работите на Хонг Конг. Секако, надворешен фактор постои. Но тоа не е никаква агентура. Според Салицки, може да се зборува за информативно влијание. Самата тематика за новостите во голема мера се формира во САД. И американските оценки често го диктираат тонот на многу други земји, објасни експертот. Во тој поглед Салицки подвлече паралела меѓу актуелните настани во Хонг Конг и киевскиот мајдан од почетокот на годината.

Нередите во Хонг Конг се осветлуваат, меѓу другото во медиумите, исто така како што се осветлуваат киевските настани. Тука може да се зборува за необјективно информирање (американските медиуми), кое за сега во голема мера го формира светското јавно мненине.

Со него се согласува директорот на Центарот ШОС МГИМО Александар Лукин.
Тоа е чисто внатрешен конфликт, кој одамна се развивал. Можно е некој на Запад да го осветлува во корист на демонстрантите, но во принцип тоа е застарен конфликт кој почна уште кон крајот на колонијалниот период, кога Англија планираше предавање на Хонгконг на Кина.

Според неговото мислење, актуелните немири се поврзани за тоа што голем дел од хонгконшкото општество се залага за демокразација на политичкиот систем, меѓу другото за директни избори на целото раководство, па и на шефот на администрацијата. Сега раководството го бира именуван колегиум на гласачи, што обезбедува доминација на тие кои ја поддржуваат политиката на централната влада. Сепак според документот кој бил потпишан уште при предавањето на Хонг Конг на Кина од страна на Велика Британија, 2017 година на оваа територија треба да бидат директни избори за шеф на администрацијата.

Бидејќи овој рок се приближува, беше усвоено соодветно законодавство. Централната влада се одлучи на одредени отстапки, таа навистина изборите ги направи директни. Но, опозицијата сеедно остана незадоволна, затоа што кандидатите треба да бидат утврдени, тие треба да поминат низ ситото на изборната комисија, каде мнозинството се пропекиншки претставници. Поточно, Пекинг се согласи на директни избори, но вели дека нема да дозволи лоши кандидати.

Да се дозволат директни избори со неограничен број на кандидати значи да се дозволи таму да биде некој лидер кој се залага за демократизација на цела Кина и тоа може да стане заразен пример, потенцираше Лукин.

Истовремено Салицки смета дека Пекинг и Хонг Конг можат да најдат решение кое им одговара на сите. Тие ќе најдат компромис. Се работи за прашања непринципиелни за управување со оваа територија, со која и не треба премногу да се управува.

Хонг Конг е најлиберален дел од цела Азија и стремежите кон демократизација таму се силни. Но бројот на луѓето кои се залагаат за зачувување на стабилноста во Хонг Конг и бројноста на поддржувачите на Occupy Central, секако се неспоредливи. Мислам дека за недела две, овие немири ќе стивнат. Гласот на Русија - Москва



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...