Субрата Рој „испрал“ три милијарди долари?

Индиското истражно тело Директорат за спроведување наскоро ќе започне со распит на бизнисменот Субрата Рој кој се соочува со ново сомнение дека учествувал во активности за перење пари, јавуваат индиските медиуми, јави Фактор.

Истрагата на овој директорат се темели на претходните испитувања спроведени од индиското регулаторно тело СЕБИ, кое имало сознанија дека групацијата „Сахара“ била вклучена во вакви илегални активности.

– Врз основа на сознанија на СЕБИ и нашата првична истрага, се сомневаме во перење на пари во голем обем. Под директна истрага се околу три милијарди долари, изјавил извор од Директоратот кој побарал да остане анонимен.

Истражниот тим проверува дали групацијата „Сахара“ била вклучена во перење пари и дали сомнителните три милијарди долари биле употребени за да се креира богатството и имотот на оваа компанија во Индија и во странство.

Според медиумите, истрагата верува дека дури 90 отсто од ситните инвеститори заведени во портфолиото на „Сахара“ всушност се измислени лица, кои преку шемата биле искористени за да се исперат парите.

Македонската Влада неодамна ја активираше банкарската гаранција понудена за инвестицијата во агрокомбинатот „Џумајлија“, а од „Сахара“ преку соопштение најавија дека и покрај ова не се откажуваат од нивните инвестициски планови за Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...