ВИДЕО: Хаос во Фергусон, 29 лица уапсени

Сент Луис, 25 ноември 2014 (МИА) - По одлуката на судот во Фергусон да не се покрене обвинение против полицаецот што уби тинејџер во август годинава, низ градот повторно избувнаа масовни нереди.

Поради одлуката на Големата порота на американската сојузна држава Мисури, на улиците на Фергусон избувнаа протести и насилни судири меѓу граѓаните и полицијата, јави Би-Би-Си. Досега полицијата уапсила 29 демонстранти.

При објавувањето на одлуката, државниот обвинител изјави дека сите докази се детално испитани и дека некои од изјавите на сведоците се спротивни на доказите.

Семејството на убиениот тинејџер е длабоко разочарана од ваквата одлука на судот.

За време на протестите уништени се неколку продавници, а запалени се и неколку возила. Според локалните медиуми запалени се 12 локали. Полицијата на нередите одговори со солзавец и шок бомби.

Полицаецот Дарен Вилсон на 9 август во Фергусон смртно го застрела невооружениот тинејџер Мајкл Браун, испукувајќи повеќе куршуми. Случајот поттикна нови расни тензии во градот, каде афро-американците се мнозинство, а белците доминираат во структурите на власт.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...