Околу 40 лица повредени во супер бурата во Австралија

Бризбејн, 28 ноември 2014 (МИА)  - Најмалку 39 лица се повредени во супер бурата, која го погоди третиот по големина австралиски град Бризбејн. 

Премиерот на сојузната држава Квинсленд, Кембл Њуман изјави дека на сите ранети им била пружена медицинска помош и оти тие не се во животна опасност.

Брзината на ветерот вчера попладне во градот достигна 140 километри на час, а самиот центар на градот беше погоден од големи парчиња град, поради што локалното Собрание ја прекина работата.

Голем број улици се поплавени, поради што е парализиран градскиот сообраќај.

Силниот ветер корнеше покриви на згради, а изутринава во расчистување на улиците учествуваа градските служби и припадници на армијата. 

Поради соборените дрва и стотици оштетени далноводи без струја вчера останаа 90 илјади домаќинства, а изутринава без струја се 68 илјади домаќинства.

Според првичните проценки штетите од бурата достигнуваат над сто милиони долари. 

Според метеоролозите ова е најсериозната бура во градот во изминатите 20 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...