ВИДЕО: Билансот на загинатите во нападот во Пешевар достигна 130 лица

Исламабад, 16 декември 2014 (МИА) - Сто и триесет лица е билансот на загинатите во нападот на талибанци врз училиште во кое се обучуваат деца на војници во северозападниот пакистански град Пешавар.

Според најновите податоци, повредени се 122 лица. Дваесет и пет од нив се во исклучително тешка состојба.

Властите укажуваат дека повеќето од убиените - над 100 се деца и оти бројот на загинати може да се зголеми.

Пакистанските сили кои успеале да влезат во училиштето објавија дека ликвидирале четворица од напаѓачите.

Засега се знае дека биле најмалку шестмина напаѓачи од кои двајца се забарикадирани во канцеларијата на директорот и од каде продолжуваат да пукаат.

Според западни медиуми, објектот на училиштето е речиси целосно урнат бидејќи напаѓачите носеле на себе и ремени со експлозиви.

По повод трагедијата пакистанскиот премиер Наваз Шариф изјави дека патува кон Пешавар.

Тој го оквалификува нападот како национална трагедија, предизвикана од дивјаци.

- Загинатите деца се мои деца. Јас ги загубив тие деца, целата нација ги загуби тие деца, изјави Шариф.

Одговорност за нападот презеде талибанската група Техрик-и-талибан-Пакистан. Потегот на терористичката група е преземен заради одмазда за убиените нивни припадници при офанзивата на армијата во гранични зони близу Пешавар, изјави нивни портпарол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...