Договорот со Иран е блиску

Рига, 6 март 2015 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма е блиску до постигнување. 

- Сметам дека договорот е на дофат, изјави Могерини на меѓународен собир во Рига, каде денеска почнува неформална средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. 

Могерини, која во името на ЕУ ги координира преговорите со Иран и претставниците на пет постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН, истакна дека договорот ќе биде прифатлив за сите. 

- Нема да има договор ако не биде добар, и тоа е нешто што треба да се пренесе на сите наши пријатели и партнери, изјави Могерини, алудирајќи на неодамнешното обраќање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред американскиот Конгрес. 

Преговорите за иранската нуклеарна програма, што сега се во завршна фаза, треба да доведат до откажување на Иран од развој на материјали за изработка на нуклеарно оружје во замена за тргање на меѓународните економски санкции кон Техеран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...