Постигнат рамковен договор за иранската нуклеарна програма

Лозана, 2 април 2015 (МИА) - Иран и претставниците на меѓународната „шесторка“ на денешните преговори во Лозана постигнаа согласност за клучните точки од рамковниот договор за иранската нуклеарна програма, соопшти вечерва германското Министерство за надворешни работи.

Информацијата ја потврди и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, кој соопшти дека се најдени решенија за спорните прашања со шесте светски сили за иранската нуклеарна програма.

- Најдени се решенија, подготвени сме да почнеме веднаш со работа на нацрт-договор, напиша Зариф на Твитер по осумдневните преговори во Лозана.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека со договорот се обезбедени гаранции за намалување на капацитетите на Иран за збогатување ураниум.

- Нуклеарниот објект во Фродо ќе биде трансормиран во центар за нуклеарна физика и во него ќе нема атомски материјали. Идниот договор меѓу светските сили и Иран ќе треба да биде одобрен од Советот за безбедност на ОН, изјави Могерини. 

Американскиот државен секретар Џон Кери на својот профил на Твитер објави дека денеска е „голем ден“.

- ЕУ, групата 5+1 и Иран ги утврдија параметрите за решавање на основните прашања од нуклеарната програма. Наскоро ќе ја започнеме работата за постигнување конечен договор, напиша Кери на Твитер.

Иранскиот претседател Хасан Рохани пак изјави дека по денешното „постигнување на договорот по клучните параметри“, веднаш ќе почнат преговорите за конечна спогодба, кои ќе завршат до 30 јуни.

Според дипломатски извори, со постигнатиот рамковен договор се предвидува странски набљудувачи да ја следат иранската програма за збогатување ураниум во следните 10 години. 

Иран во моментов располага со 19.000 центрифуги за збогатување на ураниум, а со договорот е предвидено нивниот број да се сведе на 6.000. Исто така, се предвидува поголем дел од резервите на Иран на збогатен ураниум да се складираат во странство.

Во замена за постигнатиот договор, предвидено е постепено да бидат укинувани меѓународните санкции кон Иран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...