Некој таму горе го сака Кристијан Бејл

Наслов:
„Боксерот“ (The fighter)

Режија:
Дејвид О’Расел

Сценарио:
Кит Дорингтон, Пол Тамасеј, Ерик Џонсон

Главни улоги:
Марк Волберг, Ејми Адамс, Кристијан Бејл, Мелиса Лео

Жанр:
драма

Времетрање:
115 мин.

Година на издавање:
2010-та



 

 

Светот требаше да чека доволно долго и трпеливо за неизмерниот талент на Кристијан Бејл да биде признаен и награден, но конечно и тоа се случи. Конечно детето- актер кое го гледавме „Empire of the sun“ пред 24 години, порасна во прекрасен и талентиран актер кој не восхитува со секој нова улога.

The fighter е биографскиот филм за боксерот Мики Вард (Марк Валберг) и неговиот постар полу- брат Дики Еклунд (Кристијан Бејл). Дики е неговиот идол, тренер и човекот на кој слепо му верува. Поранешен боксер кој успеал да го нокатира славниот Шугар Реј Леонард па сега ужива во старата слава која му го донела прекарот „Скапоцениот камен од Лоувел“. Покрај што е тренер, Дики снима и документарец за неговиот „камбек“ но тој нема да се случи бидејќи е длабоко навлезен во темниот свет на зависноста од дрога. По вина на нестабилниот Дики, Мики Вард ќе се повреди но, по долга пауза и со помош на келнерката Шарлин ќе добие втора шанса повторно да влезе во рингот. Сепак, неговото многубројно семејство има поинакви гледишта за тоа.

„The fighter“ иако е филм за бокс, тој е повеќе е филм на карактери, одлична глума, со мал акцент на боксот. Тоа многу добро го знаел режисерот О’Расел па затоа и оставил актерите со нивните изведби да го движат филмот. Како ретко кога, сите четири актери во филмот даваат брилијантни изведби, но сепак над површината се издвојува таа на Бејл. Слабеењето и дебелеењето повеќе не се предизвик за велшкиот актер. Тој докажа дека е господар на своето тело со улогата во Machinist, но во The fighter тој е господар на талентот во тоа тело. Тој е толку добар како нестабилниот наркоман што предизвикува Марк Волберг (кој исто така е одличен) да се засрами што е во исти сцени со Бејл. И кај дамите е тешко да се издвои која е подобра. Дали Мелиса Лео како Алис, доминантната мајка на двајцата боксери или Ејми Адамс, како девојката и потпора на Мики која ќе го врати на вистинските патеки. Подеднакво брилијантни изведби од двете актерки.



Низ историјата се снимени безброј боксерски филмови, како Raging Bull, The Boxer, Somebody up there likes me, и можеби најпознатиот од сите Rocky, но тоа што го издвојува овој од останатите е што боксот, борбите, тренинзите не доминираат туку во преден план се ставени животите на боксерите. Со тоа не се „умртвува“ ликот кој треба актерот да го портретира, тој не е потиснат од боксот, и филмот не станува досаден за публиката. Иако има предвидлива финална борба која е грандиозна како и во повеќето филмови, клишето е сведено на минимум, особено кај Шарлин која во една сцена ќе има свој бокс меч против сестрите на Мики.



Поголемиот дел од сцените во филмот се снимени со нестабилна, рачна камера, па со тоа тој добива реална нота која уште повеќе се зголемува со сцените во рингот. Тие не се отсечни како на пример во Raging bull туку подолги, снимени претежно од долен агол и со зум што е навистина добар детаљ. Кога ги гледате, се чувствувате дека го гледате мечот во салата. The fighter е прекрасен филм за врската помеѓу двајца браќа, за слепото верување во идолите, за втората шанса во животот, пороците кој вреди да се погледне. Филм кој треба да му ја донесе првата и долго очекувана златна статуетка на Бејл, бидејќи ќе биде заслужена.



(С. Лазаревска)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби