понеделник, 29.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

Корисни додатоци за Firefox

Иако и Internet Explorer-от можете да го проширите со неколку корисни додатоци (add-ins), факт е дека Firefox отиде чекор понапред и понуди вистинско богатство на додатоци кои особено се корисни при сурфање на Интернет. Овие напредни додатоци особено се добредојдени и за web-developer-ите кои сега можат многу полесно да ги тестираат страниците на кои работат. Во прилог ви претставуваме неколку интересни нови додатоци за Firefox кои сурфањето ќе ви го направат уште попријатно.

Без разлика дали сте обичен корисник или web-developer сметаме дека наведениве додатоци ќе ви го олеснат секојдневното работење преку Firefox.

1) IE View ви овозможува во Firefox да погледнете како отворената страница би се прикажала во Internet Explorer.

2) MeasureIt ви дава виртуелен линијар со чија помош многу полесно ќе ги мерите ширената и висината на веб страницата.

3) Password Exporter ви овозможува експортирање на снимените веб лозинки и импортирање на истите на друг компјутер, нешто што е особено корисно при преинсталација на оперативниот систем или надградба на самиот Firefox).

4) Forecastfox ви дава преглед на меѓународните временски прогнози (базирано на AccuWeather.com сервисот). Информациите се прикажуваат на toolbar-от или на status-bar-от на веб страницата.

5) ColorZilla ви овозможува „земање“ на податоци за бојата која е искористена на одреден дел од страницата. Тие податоци потоа можете да ги ископирате во некој друг програм (на пример Photoshop).

6) Web Developer додава нови можности во изборникот (toolbar), односно ви дава голем сет developer-ски алатки

7) Tab Mix Plus содржи многу корисни опции за манипулирање со табовите, па така можете повторно да ги отворите веќе затворените табови, да ги дуплирате веќе постојните, да одберете посебни дополнителни опции за отворените табови и уште многу други опции.


Наjновo од Футурама
Корисни додатоци за Firefox
HP iPAQ 914 Business Messenger
Нов вид на рерна за побрзо готвење
Пронајдени најстари карпи на светот
AMILO Mini Ui 3520 од Fujitsu Siemens
Живот на Марс
10 милиони долари за идеи кои ќе го променат светот
AiGuru SV1 - прв Skype видео телефон
Луксузни лаптопи од Bentley
Неофицијални слики од Windows 7 фото галерија
Профилите на Facebook ја откриваат нарцисоидноста
Gphone стартува денеска
Yahoo ја редизајнира насловната страна
Колку е реално интернет пријателството?
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи