Интернет корисниците најчесто се неинвентивни и непретпазливи при смислувањето на сопствената лозинка, поради што стануваат лесен плен на хакерите, оценуваат американските експерти.
Доказ за ваквите тврдења е и последната анализа на 28 илјади украдени лозинки од најпопуларните американски сајтови, објавена во магазинот „Information Week“.
Според анализата, 16 отсто од корисниците го користат сопственото или името на децата како лозинка, а дури 14 отсто се одлучуваат за некоја едноставна комбинација на броеви, од типот „1234“ или „12345678“. Друга особено популарна лозинка е QWERTY (или AZERTY' во Европа), а пет отсто од корисниците како лозинка користат имиња на популарни серии, телевизиски емисии, филмови или музичари како на пример Pokemon, Matrix, Ironman и слично. Четири отсто од интернет корисниците своите податоци ги заштитуваат со лозинка password, password1 и слични варијации.
Високо на листата на најчесто користени лозинки се најдоа и следните зборови и фрази, „Whatever“, „Iloveyou“, „Ihateyou“, „I don't care“, „Yes“ и „No“
Роберт Грем од Errat Security, кој ја на направи анализата, советува при изборот на лозинка да се користат осум букви, и истата да содржи барем една голема буква или бројка..