Facebook го користат и оние кои што не можат да го поднесат?!

Токму во време кога најпопуларната страница за друштвено вмрежување, Facebook, објави дека има 500 милиони корисници, пристигнаа резултатите од испитувањето на американскиот индекс за задоволство на потрошувачите (ACSI), според кои поголем број на корисници не се задоволни од услугите на таа страница, но сепак не во толкава мера за да го напуштат Facebook.

Истражувањето кое го спроведе Универзитетот во Мичиген и компанијата „ForeSee Results“, оваа година прв пат се вклучија и друштвените мрежи како Facebook и MySpace, но и YouTube и Wikipedia. Но, онаа најпопуларната и најголема друштвена мрежа не помина добро.

Имено, Facebook добил 64 од можните 100 бодови, што компанијата ја сместила меѓу последните приватни компании на листата, точно во ист ранг со авиокомпаниите и кабловските компании чии корисници се често незадоволни.

- Facebook е многу успешна компанија и не очекувавме вакви лоши резултати. Меѓутоа, нашите истражувања покажаа дека големо влијание на корисниците има слабата заштитa на приватните податоци, изјави Лери Фрид, претседател и извршен директор на компанијата „ForeSee Results“.

Портпаролот на Facebook, Џони Троу, истакна дека не ги видел резултатите од индексот на задоволни корисници, но напомна дека тоа е причини тие повеќе да работат за да ги задоволат корисниците.

- Да се направи едноставен и корисен сервис е најдобар начин да ги здобиете и одржите луѓето поврзани. Поради тоа ние трошиме толку многу време и енергија за да ги подобриме услугите и да додадеме нови. Се радуваме на следното испитување, прокоментира Троу, а пренесе BBC.

Споменато е дека интернет гигантот Google добил 80 поени, Bing 77, Yahoo 76, AOL 74, Ask.com 73. Исто така меѓу високите рангирани сајтови се Wikipedia со 77 и YouTube so 73 поени, додека MySpace има помалку подови од Facebook, односно 63.

Инаку, Facebook денес официјално објави дека има пола милион регистрирани корисници.

Основачот, Марк Зукенберг истакна дека тоа е важен пресврт и дека скоро е гарантирано дека најпопуларната друштвена страница наскоро ќе има милијарди корисници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...