Британската кралица стана хит на Facebook

Профилот на британската кралица Елизабета Втора на интернет страницата за социјално дружење Facebook за непони три дена го посетиле 200.000 лица од Велика Британија и од целиот свет, соопшти денеска Бакингемската палата.

На профилот има видео клипови и слики, како и вести за кралицата, но и за целото кралско семејство, вклучувајќи ги и младите принцови Вилијам и Хари, но посетителите не можат да станат пријатели со кралицата, како што е тоа вообичаено на Facebook.

Британскиот суверен, која пролетва наполни 84 години, лично го одобри планот за отворање профил на Фејсбук, како дел од програмата за поголемо отворање на кралското семејство кон јавноста и за запознавање на луѓето со нивната работа и задолженија.

Посетителите на Фејсбук профилот на кралицата, имаат можност да се информираат за вкупните ангажмани на британското кралско семејство, како и за случувањата од претходниот ден во Бакингамската палата и во другите официјални кралски резиденции. Оние што ќе се вклучуваат на овиј профил може да оставаат пораки и коментари.

Анализата што ја направила кралската палата по отворањето на страницата во понеделникот, покажува дека најмногу отворања посетителите направиле за кралските настани и случувања, за посетите што ги прават гостите на Бакингамската палата и оние на кралското семејство во јавноста, како и за кралските свечености.

Пораки и коментари има како од луѓе кои се декларираат како монархисти, така и од оние кои се противници на монархијата и веруваат дека земјата треба да биде Република. Кралицата Елизабета е суверен на Обединетото Кралство, но и на уште 16 други земји во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...