Нов дизајн на Facebook

Основачот и мнозинскиот сопственик на Фејсбук (Facebook), Марк Цукерберг во интервју за Си-Би-Есњуз (CBSnews) тврди дека правилно постапил кога во 2006 година не ја продал својата интернет-страница.

Во 2006 година Цукерберг имал 22 години и ја одбил понудата на Јаху (Yahoo) вредна една милијарда долари, а денес вредноста на Фејсбук се проценува на 35 милијарди долари.

Од 2006 година до денес Фејсбук мрежата од 10 милиони се прошири на речиси пола милијарда корисници.

Цукерберг во интервјуто го коментира и филмот „Социјална мрежа“.

- Одлучивме колективно од фирмата да одиме во кино и да го гледаме филмот. Ми беше интересно да видам кој делови од филмот се точни, а кои се измислена холивудска приказна, наведе Цукерберг.

Тој наведува дека неговиот карактер во филмот носи џемпери и чевли како и во вистинскиот живот.

- Сандалите се автентични, но самата приказна не е вистинита и лошо е интерпретирана. Изгледаше дека единствен мотив да го направам Фејсбук е да би дошол до девојки. И целосно е изоставен фактот дека имам девојка која е со мене уште пред самиот Фејсбук, вели Цукерберг.

Тој во интервјуто зборува и за промените кои Фејсбук ги воведе во неделата.

- Воведуваме нов дизајн за членовите „Профил страна“. Ќе ги интегрираме информациите кои во моментот се распрснати на ѕидот на едно место, фото албумите и другите делови на сајтот. Новиот дизајн постепено ќе се префрла и до сите корисници би требало да стигне на почетокот од годината, наведе Цукерберг.

Тој посочи дека новиот дизајн може и веднаш да го преземат корисниците од http://www.facebook.com/about/profile/.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...