Хакери без проблем крадат автомобили со паметни клучеви

Идејата за користење на паметни картички наместо кодиран автомобилски клуч може да изгледа пософистицирана и попрактична, но далеку е од сигурна, сметаат европските научници.

Научниците од швајцарскиот технолошки институт успеаја да ја пробијат заштитата на десет различни автомобилски системи со паметни клучеви користејќи го јавно достапна компјутерска опрема чија вредност не изнесува повеќе од 1.000 американски долари.

Користејќи пар безжични антени Швајцарците успеале да украдат сигнал кој го емитира паметната картичка и со помош на друга антена успешно го надмудриле безбедносниот систем на автомобилот и го запалиле моторот. Научниците дури успеале да го возат автомобилот и покрај фактот што оригиналниот клуч ни во еден момент не бил присутен во возилото.

Ако се има во предвид дека сигурносниот систем не го забележал лажниот сигнал, научниците успешно го надмудриле аларм уредот за звучно и светлосно известување.

За остварување на својата цел Швајцарците ги искористиле двете дупки во постоечкиот софтвер – првата која не следи колку клучот е оддалечен од возилото во секој момент, а втората, која по палењето на моторот не ја проверува присутноста на клучот во возилото поради можноста да батеријата на паметниот клуч се испразни, што би предизвикало гасење на моторот.

Швајцарските резултати од студијата ќе бидат претставени кон крајот на месецот на форумот за компјутерска безбедност на форумот во Сан Диего.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Што им прави Кина на земјите што го признаваат Тајван?
- Џипсо ги прави.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот...
1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре...
1536.- Со одлука на Парламентот во Англија е...
1610.- Умре италијанскиот сликар Микеланџело...