Топ 10 „најглупави“ кучиња

Во 1994, околу 200 судии од кучешки клубови во Канада и САД пополниле прашалник за карактеристиките на различни кучешки раси, т.е. за нивото на интелигенција на расите. Рангот на интелигенција се базирал на тоа колку повторувања се потребни за одредена раса да научи нова наредба. Кај расите што се споменуваат на листата подолу, биле потребни барем 80 повторувања.

Ако вашето куче е на листата, не очајувајте – тоа не е причина да го сакате помалку!

(текстов е преземен од англиски сајт, па оди преведи ги некои од расите – така што се оставени во оригинал)

10. Basset Hound
Познат е по чувството на мирис и издржливост при трагање. Одлични се со деца, а недостатокот на интелигенција го надополнуваат со посветеност кон работата. Имаат нежен и сладок темперамент.

9. Beagle (Кратконог пес)
Тешки се за тренирање, не толку поради неинтелигенција, колку поради независната и своеволна природа. Одлично семејно куче, добро е со деца и со други кучиња, но не и со мачки.

8. Мастиф
Потекнува од Британија од пред две илјади години и е една од најголемите раси. Имаат нежна природа, но во исто време се и одлични кучиња-чувари. Најдобро е тренинг сесиите на Мастифот да бидат кратки но фреквентни (2 до 3 пати дневно). Потребно е да ги повторува и триковите што веќе ги има научено.

7. Пекинејзер
Едни од најтешки раси за тренирање. Имаат независна и доминантна природа, која бара цврстина и конзистентност. Иако се вознемируваат од непознати, многу се чувствителни со сопствениците. Неверојатно се храбри за својата големина и се неверојатно добри чувари. Не се препорачуваат за мали деца.

6. Ловџиски пес
Можеби не се интелигентни, но имаат ’златен’ нос. Овие кучиња влегуваат во трага на секакви мириси, дури и ако се преку 100 часа стари. Имаат исклучителна работна етика. Нежни се и одлични со деца. Тренирањето бара цврста рака и многу трпение.

5. Борзои
Неверојатно потсеќа на мачка со своето слободно размислување и независна природа. Себеси се одржуваат многу чисти и не ’се прекршуваат’ да ги задоволат своите стопани. Тоа ги прави тешки за тренирање, но затоа се лојални кон оние што добро ги познаваат.

4. Чау Чау
Уште едно куче со карактеристики на мачка. Најчесто се чува дома. Неверојатно се лојални кон семејството и можат да бидат прилично љубоморни на гостите на стопанот. Имаат доминантна природа и бараат сопственик со силна волја и цврста рака, инаку самите ќе почнат да се однесуваат супериорно. И кај нив, тврдоглавоста може да биде протолкувана како неинтелигенција.

3. Булдог
Екстремно се храбри, приврзани и одлични чувари. Наспроти тоа, тие се една од најнежните раси, кои се многу чувствителни и нежни спрема деца. Тие се одлични семејни кучиња, кои бараат многу внимание за да бидат среќни.

2. Basenji
Најпознати се по уникатното лаење, кое често потсеќа на човечко смеење или плач. И тие се однесуваат како мачки, чистејќи се редовно и со часови гледајќи низ прозор. Многу се активни, главно не се за во стан и бараат чести прошетки. Потешки се за тренирање од повеќето други раси.

1. Афганистански ’рт
Многумина го нарекуваат „кралот на кучињата“ и е една од најстарите раси. Симпатични се и чувствителни и без потреба од доминирање. Истовремено се и благородни и храбри кога е потребно. Нивната „непослушност“ е добро позната меѓу познавачите. Како и многу од останатите кучиња на листава, и оваа раса има мачкин карактер. Оттаму и прашањето: дали Афганистанскиот ’рт е навистина најглупав или пак е најнезависен мислител? А земајќи ја предвид и нивната симпатична природа, дали е тоа воопшто и битно?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...