Шест дена до крај на светот?!

Дел од научниците се обидуваат да запрат нешто што ќе биде најмоќен, најголем, а можеби и најважен експеримент до сега. Имено црните дупки кои вештачки ќе се создаваат би можеле да ја проголтаат Земјата.

Експериментот кој треба да се случи следната недела во лаборатојата во Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), околу 100 метри под земјата близу француско-швајцарската граница, некои веќе го нарекуваат „експеримент на судниот ден“.

Машината, акселератор на честички, со чија помош ќе се изврши експериментот, е долга 30 километри и чини 4,4 милијарди фунти.

Во моментот кога ќе биде пуштена, а тоа би требало да се случи на 10 септември, апокалиптичната машина за разбивање на атомите буквално ќе стане временска машина која на научниците треба да им открие како се создала вселената и што се случувало веднаш по Големата експлозија, пред отприлика 14 милијарди години.

Во моментот кога научниците ќе создадат услови, по Големата експлозија, се очекува да се појават бараните и претпоставени честички кои создаваат материја и нова димензија.

Научниците веруваат дека при тоа ќе бидат создадени многу мали црни дупки, мали верзии на „чудовишта“ во далечната вселена која ја впиваат целата материја околу себе, па дури и светлината, која иако патува со најголема воопшто можна брзина нема да може да побегне.

Заради тоа некои научници сакаат да го запрат овој проект со последни обиди по пат на суд.

Стравуваат дека експериментот навлегува во целосно непознато подрачје со кој би можело да се загрози безбедноста на целата планета.

Групата која стои позади целиот проект, Европскиот центар за нуклеарни истражувања, тврди дека малите црни дупки ќе исчезнат откако ќе бидат создадени.

Но, нивните опоненти предупредуваат дека никој не може 100 проценти да гарантира на кој начин ќе исчезнат црните дупки, кои може постепено да растат до величина која би можела да ја проголта целата Земја.

Од Центарот пак тврдат дека овој експеримент е од клучна важност за откривањето на големата мистерија за создавањето на вселената и се што има во неа.

Во експериментот, честичките на атомите треба да бидат насочени во спротивни правци од нивните вистински патеки низ 30 километарската подземна машина, што е речиси со големина на лондонското метро.

Честичките ќе патуваат толку бргу и секоја секунда ќе ја заобиколуваат целата должина 11.245 пати.

Како краен резултат, научниците очекуваат дека ќе откријат фундаментален дел на атомот, кој се нарекува Хигсов бозон, за кој се смета дека постои, но никогаш научно не бил докажан.

Професорот Ото Рошлер, кој ја предводи спротивставената страна, на Европскиот суд за човекови права подигна тужба против 20 земји кои го финансираат овој проект.

- Многу е веројатно дека малите црни дупки ќе преживеат, ќе пораснат и ќе ја проголтаат целата планета, тврди професорот.

Портпаролот на Центарот наведува дека со „експериментот нема да се создаде ништо што веќе рутински не се случува во природата“.

(The Sun - Лондон)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...