Александар Македонски откриен на скапоцен камен

Ретко и изненадувачко археолошко откритие во Тел Дора: скапоцен камен со гравиран портрет на Александар Македонски откриен е при ископувањата кои ги врши археолошкиот том на доктор Ајелата Гилбоа од Универзитетот во Хаифа и докторот Илан Шарон од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

- И покрај малите димензии – еден сантиметар на пола сантиметар, граверот успеал да ја отслика бистата на Александар Македонски, без притоа да испушти ниту една од неговите карактеристики, истакнува Гилбоа.

Императорот е портретиран како млад, силен со јака брада, прав нос и долга виткана коса, која ја држи со дијадема.

Истражувачите од Тел Дора истакнуваат дека е изненадувачки да се најде вакво уметничко дело во Израел, на периферијата на хеленистичкиот свет.

Александар, веројатно е првиот Македонец кој ги ангажирал уметниците да изработат негов портрет, како дел од култот на персоналитет, кој е трансформиран во пропагандно оружје.

Уметниците паметно ги комбинирале реалистичните елементи од ликот на владарот со класичните идеали за убавина, одредени со хеленистичката уметност, владарските атрибути (дијадемата во овој случај), како и божествените елементи кои потекнуваат од хеленистичката и ориенталната уметност. Подоцна и останатите владари го имаат прифатено примерот на Александар Македонски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како Црногорци градат автопат?
- Ќе направат 10 километри и ќе стават знак "итн."

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...