Огромна експлозија на енергија од Сонцето може да ја парализира Земјата во рок од три години, предупредуваат научниците.
Тие се плашат дека големата соларна експлозија најверојатно ќе се случи во 2013-та година и ќе предизвика глобален хаос.

Катастрофата која што се случува еднаш во сто години може да предизвика уништување на комуникациските системи, принудно слетување на авионите, паѓање на интернетот и недостаток на храна, па така сè од фрижидер до сателитска антена ќе биде парализирано.
Стравот од наводната експлозија е толку голем што британскиот секретар за одбрана Лиам Фокс вчера во Лондон организираше итна конференција.

Доктор Фокс побарал од научниците да направат стратегија која што би и помогнала на Британија да се справи со евентуалната штета.
Во 2013 година Сонцето ќе помине низ критична циклусна фаза која што најверојатно ќе се манифестира со низа радијациски бури кои ќе предизвикаат огромни струења на енергија.