Пазарот на дигитални камери е особено конкурентен и секој произведувач се обидува да направи нешто што ќе го одвои од останатите. Некои се борат со нудење на што е можно поголем број на мегапиксели, други пак со понуда на HD видео, додека други со понуда на софтвер за препознавање на лице. Fujifilm направи нешто сосема поинакво, ја произведе првата дигитална камера која продуцира тридимензионални фотографии. 
Како што можете да забележите од понудената (дводимензионална) фотографија, се уште неименуваниот апарат од Fujifilm поседува две леќи, со чија помош ќе може да ја определи далечината на различните објекти кои се гледаат низ објективот и со кои ефективно ќе успее да ги постави во тридимензионална средина. Се што корисниците на камерата ќе треба да направат за да снимат 3Д фотографија е да го притиснат копчето за фотографирање.
Fujifilm FinePix Real 3D System се очекува да се појави на пазарот во текот на следната година. Се разбира дека ќе ви биде потребен соодветен 3Д дисплеј за слики за да можете да ја видите 3Д фотографијата како што треба.