Apple го претстави новиот iPhone 4

Директорот на Apple, Стив Џобс, вчера ja претстави последната верзија на популарниот smart телефон iPhone на конференцијата Worldwide Developer во Сан Франциско.

Новиот iPhone е направен од метал, кој всушност е и неговата антена, а екранот е подобрен во однос на претходните модели и има дури 326 пиксели по инч. iPhone 4 е 24 отсто потенок од својот претходник, односно тој е дебел само 9,3 милиметри.

Џобс истакна дека редизајнот е „најголем скок“ на компанијата откако е претставена првата верзија на iPhone, а се осврна и на тоа дека на јавноста веќе и се познати некои од перформансите на iPhone 4 бидејќи еден од вработените го изгуби својот прототип во кафуле, па на блогот Gizmodo неодамна беа објавени деталите на телефонот.

- Некои од вас ова веќе го виделе, изјави Џобс за време на конференцијата и додаде дека новиот iPhone има предна камаера која овозможува видео повици, додека камерата која се наоѓа на задната страна е подобрена со LED блиц.

Имено, камерата има пет мегапискели, пет пати дигитален зум, a iPhone содржи сопствен A4 процесор, кој се наоѓа и во iPad.

Новиот iPhone има подобра батерија која овозможува десет часа гледање на видео, седум часа разговор и 300 часа standby. iPhone 4 на корисниците им овозможува користење на повеќе апликации истовремено, а корисниците преку овој телефон ќе можат да ја играат и популарната игра Farmville.

- Ова е еден од најубавите дизајни кои некогаш сте ги виделе. Без сомнение, овој е iPhone e најубавото нешто што сме го направиле, изјави Џобс, кој напомена дека Apple во последните три години продал повеќе од 50 милиони iPhone телефони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...