Дорис Пак: Без компромис за спорот со името неизвесна и иднината на Македонија во ЕУСкопје, 5 април (МИА) – Спорот со Грција за уставното име на Република Макеоднија не треба да ја попречи идината на државата, потребен е компромис, а политичарите се тие кои треба што поскоро да изнајдат решение за проблемот, смета Дорис Пак пратеник во Европскиот парламент и член на Управниот комитет на иницијативата „Душата на Европа“ која е коорганизатор на Скопје – Форумот.
– Жалам поради ветото на Грција во НАТО, но тоа не е катастрофа. Македонија се соочува и со други проблеми освен со овој, а проблемот со името покрива се и сите политичари во Македонија треба да работат заедно за да најдат излез од таквата ситуација, бидејќи името не смее да ја спречи земјата да постои и напредува во иднина и во интерес на младите генерации, вели Пак и додава во спротивно ќе страдаат македонските граѓани, затоа што процедурата за примен и во НАТО и во ЕУ е иста.
Триумфот од другата страна на границата и разочарувањето во Македонија е неоправдан и со кусо траење, вели Пак, бидејќи двете земји се соседи и нивната иднина е поврзана.
Но, таа ја критикува, и како што вели гордоста на нашите политичари што спорот за името со Грција го задржале на маса, упатувајќи порака до нив дека не треба да се грижат само за своите политчки кариери, туку прво треба да ја имаат предвид идината на земјата.
За тоа какви се шансите да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ за полноправно членство по грчкото вето на самитот на НАТО, Пак истакнува дека Европскиот парламент сака и треба да и даде сигнал на Макеоднија, но проблемот е додава, што за тоа не решава Европарламентот туку Советот на министри каде одлуките се донесуваат едногласно и каде во одлучувањето учествува и Грција и таа може тоа да го попречи.
Затоа Пак апелира до политичарите да направат чекор напред и да се угледаат на поговорката дека помудриот прв попушта. Според неа, Грција, која е во поповолна позиција како членка на ЕУ и НАТО, веќе направила голема отстапка со тоа што на почетокот од преговорите отфрлаше секаква можност да се спомене името Македонија, а денес тоа го прифаќа. - Не верувајте дека ќе го изгубите културниот идентит. Нема ништо да изгубите, дури и со двојно име без оглед дали е нова или горна Макеоднија или што и да е, вие останувате Македонци. Затоа помогнете да се дојде до прифатливо име, тоа е мојата единствена порака, вели Пак и порачува дека земјата ја чека работа и на полето на реформите особено во администрацијата.
|