Ешдаун и Холбрук предупредуваат на опасност од колапс на БИХ

Лондон,22 октомври (МИА) - Поранешниот претставник на ЕУ Педи Ешдаун и "архитектот" на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година Ричард Холбрук, предупредуваат на можноста од целосен колапс на Босна и Херцеговина и од избувнување нова криза во регионот.

Дописникот на МИА од Лондон пренесува дека во заеднички авторски напис, објавен во лондонски Гардијан, британскиот и американскиот дипломат велат дека е неопходна итна и поголема трансатланска соработка за да се сочува земјата и да се избегне нова криза, 13 години по договорот од Дејтон.

Двајцата западни дипломати го обвинуваат премиерот на Република Српска Милорад Додик, затоа што работи на тоа овој српски ентитет да биде подготвен за да се отцепи,тогаш кога за тоа ќе му се укаже прилика.

Додик последниве две години уништи поголем дел од постигањата и од напредокот, што беше постигнат во годините по дејтонскиот мировен договор, тврдат Ешдаун и Холбрук, остро забележувајќи му што со своето делување практично ја запира еволуцијата на БиХ во една единствена и функционална држава која ќе може да биде компатабилна со Европската Унија.

Додик се брани дека тој го почитува Дејтонскиот договор, а дека против него работи "босанската страна" и неговиот политички противник Харис Силајаџик, кој настојува да го преработи договорот на тој начин што ќе ги укине посебните ентитети.

Британскиот и американскиот дипломат во написот во весникот, насловен како "Босанското буре барут", забележуваат дека всушност, со таквото однесување и обајцата ги кршат начелата од договорот работејки против федералното уредување во рамките на една држава.

Ешдаун и Холбрук укажуваат на забрзаниот пораст на бошњачкиот и хрватскиот национализам и велат дека назадувањето на оваа балканска држава може да се запре само ако "ЕУ се разбуди" и почне поенергично да дејствува, а новата американска администрација одново се ангажира во Босна и Херцеговина. Тоа секако ќе значи продолжување на военото присуство во земјата и завршување на процесот на уставните реформи, констатираат двајцата западни дипломати во својот заеднички напис во Гардијан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...