Откако Лиза МекКеј ја довела својата телесна тежина на речиси 120 килограми поради консумирање на газирани пијалаци, сфатила дека ќе треба да преземе драстични мерки доколку сака телото повторно да и се врати во форма.

Лиза пиела и по 20 лименки Кока Кола на ден, а понекогаш се случувало и да се разбуди во 4 часот наутро за да земе дел од дневната „доза“.
На возраст од 24 години поради својата телесна тежина, МекКеј морала да резервира две авионски седишта кога патувала некаде, а освен тоа по кратко пешачење имала проблеми со дишењето.

Така мајката на две деца се подложила на подврзување на желудникот и ги отстранила сите лименки Кока Кола од својот дом.
-Ми беше тешко да се одвикнам од Кока Кола. Бев зависна од неа и имав тешки кризи откако престанав со пиење. Страдав од постојано тресење, истакнува Лиза.

Сега таа има 63 килограми помалку од порано и додава дека никогаш повеќе нема да испие повеќе од голтка Кока Кола.