Екстазите помагаат во лекување на стресни пореметувања

Научници тврдат дека екстазите можат да помогнат во лекување на болни со пострауматско стресно пореметување.

Мало истражување со кое биле опфатени 20 пациенти покажа дека користењето на оваа дрога сигурно, и судејќи по се, ги подобрува ефектите од психотерапијата, јави BBC.

Американски истражувачи добија одобрување за спроведување пошироки студии меѓу воените ветерани. Се смета дека оваа дрога го намалува стравот што на пациентите им овозможува да добијат повеќе од своите терапии.

За ова истражување пациентите биле избрани врз основа на строги критериуми. Тоа биле луѓе кои со години страдаат од пострауматско стресно пореметување (ПТСП) и кај кои конвенционалното лекување не дало резултати. Од истражувањето биле исклучени оние кои во минатаото страдале од психоза и зависност.

На пациентите им биле понудени две психотераписки сесии во траење од осум часа, распоредени на неколку недели со тоа што 12 од нив добиле доза екстази, а осуммина добиле плацебо.

Два месеци подоцна, кај десет од 12-те пациенти кои добиле екстази, забележани се добри резултати без нуспојави. Спротивно на тоа, само кај двајца од вкупно осум пациенти кои добиле плацебо дошло до подобрување.

Психијатарот Мајкл Митефер раководител на истражувањето, изјави дека и порано стотици пациенти на клиниките добивале екстази заради зајакнување на терапијата.

- Од некои причини екстази нема ефект доколку лицето е преплавено со емоции. Сепак, изгледа дека екстази е корисен во процесот за лекување трауми, рече тој.

Американските истражувачи ја следат состојбата на пациентите на кои им е давано екстази за да се провери дали ќе продолжат со земање дрога за да се релаксираат. Според досегашните показатели, резултатите се охрабрувачки, односно не дошло до земање дорга заради релаксирање.

Некои експерти сметаат дека е тешко да се извлечат веродостојни заклучоци заради малиот број пациенти опфатени со истражувањето.

Тие предупредуваат дека злоупотребата на дрогата е поврзана со многу проблеми во менталното здравје вклучувајќи го и и ПТСП, поради што сметаат дека се потребни многу повеќе податоци пред екстази да биде препорачан за лекување трауми



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
- Љубичица!
- Браво, многу убаво.
- Нарцис, учителке..
- Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
- Оргазам...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски...
1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски...
1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано...
1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби