Нова вакцина во форма на прашок би можела конечно да го истреби полиото

Во 2017-та само 22 луѓе се заразиле од полио и болеста се наоѓа на работ на истребувањето. Но, тоа досега било невозможно поради предизвиците вклучени во испорака на вакцините онаму каде што се најмногу потребни.

Тоа  наскоро може да се промени, благодарение на нова метода за зачувување на претпочитаната деактивирана форма на вакцината за која не треба ладење.



Како сув прав, оваа нова вакцина може да биде испорачувана на локации кои досега не биле достапни и да го овозможи потребниот имунитет на популацијата која сè уште е под ризик од оваа уништувачка болест.

Научниците од универзитетот во јужна Калифорнија во соработка со истражувачите од производителот на лекови Integrity Bio развиле процес кој ја отстранува влагата од вакцината со деактивираниот полиовирус (IPV), без да влијае на нејзината ефективност и подобрувајќи ја нејзината стабилност при амбиентални температури.

Полио вакцините доаѓаат во две варијанти – првата развиена од Џонас Салк во 1950-тите која претставува инјекција со честички од полиовирус, додека втората е развиена една декада подоцна од Алберт Сабин и е орална, базирана на жива, ослабена форма на вирусот, но поради тоа постои екстремно минимален ризик кај некои да ја развие болеста.

За да и овој мал ризик се отстрани, Иницијативата за глобално уништување на полио, решила да ја елиминира нејзината употреба и ја користи исклучиво инјекцијата.



Како и повеќето биолошки материјали, светлината, температурата и разни други услови влијаат на нејзиниот квалитет и доколку не се складира на температури помеѓу 2 и 8 °C, истата се расипува и станува бескорисна.

Сушењето на состојките на вакцината значително го продолжува нејзиниот рок, а оваа метода веќе се употребува при испорачувањето на вакцините против малите сипаници, тифусот и менингококната болест во оддалечените и тешко пристапни делови на светот.

Дехидрирањето на IPV не било лесно, бидејќи резултирало со нестабилност при амбиентални температури, па затоа биле пробувани разни методи додека не дошле до финалната варијанта – вакцина која може да се чува на температури до 37°C најмногу 4 недели, притоа задржувајќи ја ефективноста.

Полио е болест за која многумина од нас сметаат дека веќе не постои (или воопшто не слушнале за неа), бидејќи нови случаи во развиениот и имунизиран свет се немале појавено уште од 1979 (во САД).

Пред имунизацијата, имало периоди кога годишно се појавувале до 60 000 случаи, од кои скоро една третина од оние со паралитичната форма на болеста завршиле со смрт.

Има 3 нишки од полио вирусот – една официјално е прогласена за истребена во 2015-та, 16 години откако последната од тој вид била детектирана во Индија, од втората не е појавен нов случај од 2012-та, додека од 3-тата сè уште се појавуваат случаи во одредени делови на Пакистан и Авганистан.

На светот му е потребна оваа нова вакцина за да ја „доврши работата“ и целосно да ја истреби и оваа болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...