Нова имунотерапија за канцер

Научниците создале нов вид на имунотерапија за канцер која вклучува инјектирање на туморите со серија стимуланси и која всушност го „привлекува вниманието“ на имунолошкиот систем да ги уништи канцерогените маси.

Овој радикален нов пристап веќе покажал добри резултати кај пациенти со напредна форма на не-Хочкинов лимфом кој не реагира на конвенционалните третмани и моментално се тестира и на други видови „тврдоглави“ канцери.



Резултатите можат да се опишат како претворање на туморите во „фабрики за вакцини против канцер“, бидејќи привлекувањето на имунолошките клетки на телото до местата зафатени од канцерот е метода позната како „ин ситу“ вакцинација.

Имунолошките клетки кои ги убиваат клетките на канцерот се т.н Т-клетки, но процесот тие да се натераат да ги препознаат не е лесен поради неколку причини.

Туморите користат маски наречени блокади на контролните пунктови – тоа се специјалните потписи во мембраната на клетките кои на имунолошкиот систем му кажуваат дека се работи за обична клетка која не треба да се уништи

Имунотерапијата ги инхибира овие потписи за да им овозможи на Т-клетките да си ја вршат работата, меѓутоа не сите канцери се исти, а пример за тоа е неизлечивиот вид на канцер на крвта наречен индолентен не-Хочкинов лимфом (iNHL).

За жал, Т-клетките имаат големи потешкотии да го препознаат овој вид на канцер, што ги поттикнало истражувачите да откријат како имунолошките клетки можат да се „истренираат“ да го препознаат.

За да тоа го постигнат, биле употребени стимуланси кои ги повикуваат клетките на имунолошкиот систем кон туморите и кои поставуваат хемиски сигнали наречени антигени на нивната површина – со што ги обележуваат за уништување.

Терапијата била клинички тестирана врз 11 пациенти во напреден стадиум на iNHL, каде предизвикала анти-туморни одговори од Т-клеткитеи разни степени на ремисија и на места оддалечени од местото на „вакцинација“. Нејзиниот потенцијал сега клинички се проценува кај пациенти со лимфом, како и рак на дојките, главата и вратот, на црниот дроб и јајници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...