Од каде потекнуваат кошмарните соништа?

Научниците сметаат дека идентификувале модел на мозочна активност со кој може да се предвиди бесот искусуван за време на сонувањето.



Доколку се во право, ова може да помогне да се објасни нервната основа на емоционалната содржина на кошмарите, кои се асоцирани со ментални пореметувања, како и со пореметувања на сонот како што се анксиозноста, депресијата и несоница (инсомнија).

Иако луѓето ги искусуваат емоциите и додека се будни и кога сонуваат, досега постојат само ограничени истражувања на механизмите на мозокот кои стојат зад афективната компонента на соништата.

Во скорешна студија, истражувачи од универзитетите во Турку, Финска, универзитетот Skövde во Шведска и Кембриџ во Англија, откриле емоционален механизам кој е поделен помеѓу две состојби на свест.



За потребите на студијата, била направена електроенцефалографија на 17 здрави индивидуи за време на 2 посебни ноќи спиење во лабораторија.

Откако партиципантите ја постигнале REM фазата на спиењето – точката каде што соништата се најживописни – тие биле разбудени и од нив било побарано да го опишат сонот и да ги проценат емоциите кои што ги доживеале.

Било откриено дека оние кои покажале поголема активност на алфа бранови во десниот фронтален кортекс на мозокот (во споредба со левиот) искусиле повеќе бес во соништата.

Невралниот потпис наречен ФАА – фронтална алфа асиметрија – бил поврзан со бесот и саморегулацијата и за време на будноста.

Според тоа, ФАА може да ја рефлектира способноста за регулирање на емоциите и во будна, но и во состојба на сонување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...