Комбинирана вакцина спречува грип и пневмонија кај глувци

Комбинирана вакцина против инфлуенца А и пневмококна бактерија се покажала како многу поефективна во справување со грипот и пневмонијата отколку посебните вакцини, кога била тестирана врз глувци.

Доколку овој успех може да се реплицира и кај луѓето, би можеле со една вакцина да се справуваме со двете најраспространети болести во светот.



Инфлуенца вирусот убива повеќе од милион луѓе годишно, а обично се комбинира со бактериумот Streptococcus pneumonia и предизвикува смртоносна пневмонија.

Порано се сметало дека стрептококата едноставно го користела ослабениот имунитетен систем (кој е зафатен во борба со грипот), но скорешни истражувања покажале дека вирусот и бактеријата обично работат „во пар“, иако причините за тоа не се јасни. Кога една вакцина се дава за двете состојби, таа е поефективна – барем кај глувците.

Постоечките вакцини против грип ги таргетираат протеините на површината на вирусот, кои често мутираат – што е причината што тие треба да се примаат секоја година и не заштитуваат против сите видови на овој вирус, туку само против највообичаените.

Новата вакцина покрај тоа што дејствува врз површината на вирусите, развива и функции на т-клетките да се борат и против внатрешниот дел на вирусите кој е постабилен. Комбинацијата со вакцината против пневмокок го подобрува имунолошкиот одговор на т-клетките уште повеќе.

Првите клинички тестирања врз луѓе на вакцината против пневмонија треба да започнат на почетокот на следната година, додека за вакцината против грип сè уште се работи на производствените протоколи – што значи дека тестирањата за неа како и за комбинираната вакцина ќе почекаат сè додека овие проблеми не се решат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...