Вирусот на настинка таргетира и убива клетки на рак

Нова студија покажала дека вирусот на обична настинка може да инфицира и убие клетки на рак на мочниот меур.

Научниците од универзитетот Сари во Обединетото Кралство третирале 15 луѓе со не-мускулно инвазивен рак на мочниот меур користејќи жива нишка од вирусот CVA21, кој предизвикува симптоми слични на грип. Тие добиле инфузија со овој вирус преку катетер, пред врз нив да биде извршена операција за отстранување и анализирање на туморите.



За време на операцијата, една недела по инфузијата, биле пронајдени докази дека вирусот убил канцерогени клетки во мочниот меур, а кај еден пациент ракот целосно го снемало.

Не-мускулниот инвазивен рак на мочниот меур побарува долгорочни третмани, а сегашните не се доволно ефективни и се премногу токсични, така што итно се потребни нови терапии.

Сега, CVA21 вирусот би можел да ни помогне во креирање на третмани за овој вид на рак поради ефикасноста забележана во студијата, а не биле забележани негативни ефекти кај ниеден од пациентите.

Третманот функционира така што вирусот ги инфицира канцерогените клетки и се реплицира, што предизвикува клетките да експлодираат и изумрат. Вирусот исто така помага за започнување на т.н „имунолошка топлина“ во областа. Туморите во мочниот меур често немаат имунолошки клетки во нив и телото не ги гледа како канцер, а кога вирусот на настинка ги инфицира тие се воспалуваат, што „вклучува аларм“ кај имунолошкиот систем и тој се активира во борба против нив.



Вирусите кои инфицираат и убиваат канцерогени клетки се познати под името онколитични вируси, а научниците за прв пат ги откриле во доцните 1800-ти откако забележале дека некои пациенти со канцер влегуваат во ремисија (често само привремена) по некоја вирусна инфекција.

Првиот онколитичен вирус кој добил одобрување од FDA била генетски модифицирана форма на херпес вирусот за третирање на меланом, а со ваквите вируси моментално се во тек клинички тестирања и за разни видови на канцери како оној на мочниот меур, простатата, колоректалниот, рак на јајници, бели дробови, дојки и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...