Антиканцер „Тројански коњ“ лек се маскира како масно ткиво

Нов систем за испорачување на лекови хемотерапијата ја маскира како масно ткиво со цел да уништува тумори.

Мислејќи дека лековите се за нив „вкусни“ масти, туморите ги внесуваат во себе, по што тие се активираат со што го запираат растот на туморите. Лекот исто така е помалку токсичен од сегашните хемотераписки лекови и има помалку несакани ефекти.



Според водачот на овој проект, Нејтан Ганеши од универзитетот Нортвестерн, се работи за еден вид на „Тројански коњ“ кој на скришен начин навлегува во туморите.

За да се развие терапијата, Ганеши и неговиот тим креирале масна киселина со долга низа, која со двата нејзини краја може да се зацврсти за лековите. Потоа, киселината заедно со лековите е скриена во HSA (човечки серум албумин) кој пренесува молекули (во кои спаѓаат и маснотиите) низ телото.



Телесните клеточни рецептори ги препознаваат мастите и протеините во HSA и им овозможуваат да навлезат внатре во клетките, а канцерогените клетки ги консумираат овие хранливи состојки многу побрзо од нормалните. Меѓутоа, откако канцерогените клетки ќе го метаболизираат лекот, тие умираат.

За потребите на студијата, истражувачите користеле паклитаксел, хемотераписки лек веќе одобрен од FDA, за да го внесат во туморите на модели на малечки животни. Замаскиран како масно ткиво, лекот елиминирал тумори од 3 вида на канцер: на коски, панкреас и дебело црево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...