AI систем покажува кога неврохирурзите се подготвени да оперираат

Истражувачи регрутирале 50 партиципанти од 4 фази на неврохируршки тренинг: неврохирурзи, сениор и јуниор резиденти и медицински студенти.



Сите тие извршиле 250 комплексни операции на тумори со помош на NeuroVR, хируршки симулатор со виртуелна реалност – систем развиен од националниот истражувачки совет на Канада. Овој систем ги снимал сите движења на хируршките инструменти во интервали од 20 милисекунди.

Со анализирање на податоците, машинскиот алгоритам за учење ги мерел перформансите на секој од партиципантите, како што е позицијата на инструментите, употребената сила врз нив, како и колку од туморот било отстрането, со губење на колкава количина крв и слично што би можело да го предвиди нивото на стручност на секој партиципант со 90% прецизност.



Резултатите од оваа студија сугерираат дека фузијата на вештачка интелигенција и неврохируршки симулатори со виртуелна реалност можат прецизно и ефикасно да ги согледаат перформансите на специјализантите.

Тоа значи дека научниците можат да развијат AI-асистирани менторски системи кои би се фокусирале на подобрување на безбедноста на пациентите преку водење на специјализантите низ комплексни хируршки процедури. Таквите системи би можеле да ги одредат областите кои тие треба да ги подобрат, за да развијат важни вештини пред да оперираат вистински пациенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...