Хормонска инјекција за слабеење без несакани ефекти

Истражувачи од Империјал колеџот во Лондон откриле иновативен начин да им помогнат на пациентите со прекумерна тежина во процесот на слабеење, со помош на хормонска инјекција.

Сегашните третмани вклучуваат гастричен бајпас (бајпас на желудникот), екстремно ефикасна операција која овозможува намалување на тежината и подобрување на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите. За жал, процедурата има бројни несакани ефекти како повраќање, болки во стомакот, хронично гадење и исклучително ниско ниво на шеќер во крвта.

Хормонската инјекција покажала подобрување во слабеењето, во просек за 4.4 килограми и намалување на нивото на шеќер во крвта без никакви несакани ефекти – што буди надеж за креирање на неинвазивна процедура која би можела да биде алтернатива на гастричниот бајпас.

За потребите на клиничкото тестирање биле регрутирани 69 дијабетични и пред-дијабетични пациенти, од кои на 15 им била дадена хормонската мешавина (пептид 1, окинтомодулин, и пептид YY – GOP), 11 добиле салинска инфузија како плацебо, 21 имале баријатриска операција, и 22 биле ставени на диета ограничена со калории. Оние од првата група поминале низ третман во траење од 4 недели, каде со помош на пумпа бавно им била инјектирана течноста под кожата во траење од 12 часа, започнувајќи наутро еден час пред појадок, завршувајќи по последниот оброк од денот.



Сите тие користеле уред за мерење на нивото на глукоза по третманите, а оние кои ја добиле хормонската терапија и плацебото добиле и совети за исхрана од квалификувани личности.

Резултатите покажале дека пациентите со хормонската терапија во просек ослабеле 4.4 килограми и имале значително подобрување во нивото на шеќер во крвта – кај некои тоа се вратило на скоро нормално ниво. За споредба, оние со плацебото ослабеле во просек 2.5 килограми.

Оние со операцијата ослабеле во просек 10.3 килограми, додека со диетата 8.3 килограми – меѓутоа, хормонската терапија не предизвикала никакви несакани ефекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...