Клетки од рак на дојка претворени во масни клетки за да се спречи ширењето

Истражувачи успеале да „прелажат“ клетки од рак на дојка да се претворат во масни клетки, со што се спречило нивното понатамошно ширење. За да го изведат тоа, тимот истражувачи користел патека која ја имаат метастазирачките канцерогени клетки.



Кога ќе си го пресечеме прстот или кога органите растат во фетусот, епителните клетки се претвораат во вид на матични клетки наречени мезенхим (ембрионално врзивно ткиво од кое настануваат сите други врзивни и потпорни ткива) и потоа се реформираат во било какви клетки кои на телото му се потребни.

Овој процес e наречен епително-мезенхимна транзиција (ЕМТ) и веќе подолго време е познато дека канцерите ја користат оваа патека, како и спротивната (МЕТ – мезенхимно-епителна транзиција), за да се шират низ телото и метастазираат.

Истражувањето било спроведено врз глувци на кои им била имплантирана агресивна форма на човечки рак на дојка, па потоа биле третирани со лек за дијабетичари, росиглитазон, и третман за канцер, траметиниб. Благодарение на овие лекови, кога канцерогените клетки користат една од двете транзициски патеки, наместо да се шират тие се претвораат во масни клетки, во процес наречен адипогенеза.

Иако не сите канцерогени клетки го прават тоа, оние кои минуваат низ адипогенезата не се враќаат во нивната првобитна форма.

Причината за тоа е што траметинибот го подобрува транзицискиот процес на клетките (од канцерогени во матични) и ја зголемува конверзијата на тие матични во масни клетки.

Росиглитазонот е помалку важен лек, но во комбинација со траметинибот ја помага конверзијата во масни клетки. И двата лека се веќе одобрени од FDA, што би требало да го олесни одобрувањето на овој нов третман за да клинички се испробува врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...