Гел кој поттикнува растење на забен енамел би ги заменил пломбите

Научниците од кинеските универзитети Zhejiang и Xiamen откриле начин како повторно да растат човечки забен енамел, техника за која еден ден се надеваат дека ќе се користи за поправање на забите наместо сегашните пломби.

Енамелот е цврстата надворешна обвивка на забот која го штити од распаѓање и е најцврстотот биолошко ткиво кое ние познато. Премногу шеќер и лоша дентална хигиена предизвикува креирање на талог во устата и околу забите, а бактериите во него ослободуваат киселина која го уништува енамелот. Кога тој е оштетен или целосно уништен, не расте повторно, што е причината за создавање на шуплини во забите кои треба да бидат исполнети од страна на забар.

Истражувачите од кинеските универзитети сакале тоа да го надминат со креирање гел кој содржи малечки групи калциум и фосфати, клучните компоненти на природниот забен енамел.

За да го тестираат гелот, тие прво го премачкале врз кристален хидроксиапатит, супстанца слична на енамелот од нашите заби и откриле дека тие групи се сврзале со материјалот, што било овозможено со малечката големина на групите.



Следно, тие искористиле човечки заби (кои не се наоѓале во човек), прво оштетувајќи им го енамелот со киселина, а потоа премачкувајќи ги со гелот. Забите потоа 48 часа биле изложени на услови кои ги реплицираат оние внатре во човечката уста.

Било откриено дека супстанцата формирала многу тенок слој на облога слична на енамелот која била цврста исто колку него, а имала и слична кристална структура под микроскоп. Слојот бил многу тенок, но истражувачите заклучиле дека гелот би можел постојано да се аплицира за да слојот се здебели.

Сега, научниците сакаат да го тестираат овој гел на глувци и евентуално на луѓе, за да проверат дали е безбеден за користење во уста. Доколку доволно се усоврши, тој еден ден би го револуционизирал начинот на кој се справуваме со расипувањето на забите, потенцијално отстранувајќи ја потребата од пломби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...