FDA подготвенa да одобри алгоритам кој детектира проблеми со срцето

FDA (Управата за храна и лекови на САД) доделила „напреден статус“ на алгоритам кој би можел да го направи детектирањето на проблемите со срцето многу подостапно.

Алгоритамот користи длабока нервна мрежа развиена од компанијата за дигитални здравствени продукти Eko, и клиниката Мајо. Со само 15 секунди ECG (електрокардиограмски) податоци, тој може да идентификува LVEF (лева срцева слабост), мерка која вообичаено се користи за дијагностицирање на пациенти со пореметена функција на срцето.

Алгоритамот бил за прв пат објавен во студија објавена во јануари 2019-та, а бил трениран врз скоро 45 000 пациенти и тестиран врз 52 870, каде покажал 87,5% точност.

Тој е дизајниран да работи со DUO дигиталниот стетоскоп на Еко – рачен уред кој се поставува на левата страна на градите на пациентот и го снима звукот на срцевите отчукувања како и ECG податоци. Пациентите би можеле овој уред да го користат и самите, во нивните домови, а податоците би можеле да ги испраќаат до нивниот лекар.

„Напредниот статус“ индицира дека FDA го гледаат алгоритамот како потенцијално решение за одредена медицинска потреба поврзана со животнозагрозувачко заболување и помага при забрзување на процесот на рецензија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...