Oткриени генетски врски помеѓу психијатриските нарушувања

Психијатриските нарушувања влијаат на 25% од светското население, а покрај нивната распространетост истражувачите сè уште не ја знаат причината за многу проблеми со менталното здравје, што значително го отежнува нивното третирање.



Сега, нова студија идентификувала повеќе од 100 генетски варијанти кои можат да влијаат на ризикот од развивање на бројни психијатриски нарушувања – биолошки знаци кои би можеле да доведат до поефективни третмани во иднина.

За потребите на студијата, истражувачите од болницата во Масачусетс и конзорциумот за психијатриска геномика анализирале генетски податоци од 727 126 луѓе, од кои кај 3-на од нив докторите претходно дијагностицирале најмалку едно од осумте вообичаени психијатриски нарушувања, а анализите им овозможиле да идентификуваат 109 генетски варијанти – малечки абнормалности во ДНК – поврзани со повеќе од едно од тие нарушувања.

Исто така било откриено дека одредени нарушувања меѓусебно делат неколку генетски варијанти, што им овозможило да ги класифицираат состојбите во групи базирани на нивните генетски линкови. На пример, биполарното нарушување, депресијата и шизофренијата делат неколку генетски варијанти, како и нарушувањата од аутистичниот спектар, ADHD и Туретовиот синдром.

Според научниците, новите третмани кои би биле базирани на истражувањата од оваа студија би можеле да влијаат на повеќе нарушувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...