Рачен уред за принтање на нова кожа директно врз раните

Во 2018-та, канадски научник претставил рачен уред кој „принта“ слоеви вештачка кожа директно на раните на жртвите со изгореници. Сега, тим научници објави резултати од последното тестирање на овој уред, ставајќи го еден чекор поблиску до тоа да се користи во клиниките за третирање на изгореници.



Докторите моментално имаат неколку опции за третирање на сериозни изгореници, од кои највообичаената се кожните графтови, кои вклучуваат отстранување на оштетеното ткиво и на негово место ставање здрава кожа од друг дел од телото.

Но, во некои случаи, тоа не е возможна опција, како на пример кога пациентот има целосни изгореници , т.е оние кои го имаат уништено и горниот и подолните слоеви на кожата.

Новиот уред ја елиминира потребата од графтови преку ставање на ленти од специјално биомастило директно врз раната. Ова биомастило содржи протеини за заздравување, како и мезенхимални стромални клетки, кои му асистираат на имунолошкиот систем на телото и го охрабруваат да расте нови клетки.

За потребите на новата студија, тимот уредот го тестирал врз целосни изгореници на свињи, при што покажал исклучително задоволителни резултати. Новата „кожа“ била безбедно и прецизно ставана врз раните, каде останувала со минимално поместување.

Најзначајно било тоа што раните третирани со мезенхималните стромални клетки заздравувале екстремно добро, со редукција во воспаленијата, лузните и контракциите во споредба со нетретираните рани или оние третирани со колаген.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...