Невидливи микрочестички - витамини на иднината

Идната генерација на витамини би можела да дојде во форма на биокомпактибилни микрочестички кои би можеле да се инјектираат директно во крвотокот.



Научниците веќе имаат дизајнирано исклучително малечки носачи на лекови со помош на синтетички материјали и специјални техники кои или биле тешки да се намалат/зголемат, или многу тешко можеле да се модифицираат.

Сега, нова студија од универзитетот Дјук сугерира дека тоа би можело да се постигне со користење на природни протеини кои можат да се намалат и модифицираат со помош на светлина и топлина. Техниката е доволно едноставна да можат да се креираат милијарди микрочестички за неколку минути.

Тимот научници тоа го постигнал со истражување на две различни класи протеини – ELP (полипептиди слични на еластин), како и поорганизираната класа наречена POP (делумно организирани протеини), кои имаат слични биолошки карактеристики како ELP, но имаат поодредена структура.

Со комбинирање на овие две класи протеини, тимот успеал да истражи како топлината и светлината би можеле да ја променат нивната структура.

Низ серија експерименти тие успеале со топлина да ја променат формата на молекулите, вклучувајќи формирање на обвивки со цврсто јадро, без јадро, како и „обвивки поврзани со конец“. Овие молекули потоа можеле да бидат „замрзнати“ во одредена форма кога биле експонирани на блесок светлина.

Истражувачите велат дека за неколку минути може да креираат милиони вакви честички кои собираат во волумен на течност со големина на една капка вода. Ваквите молекули би можеле да се користат за испорака на лекови во пациентите, витамини во крвотокот, или пак да се контролира растот на матични клетки за понатамошно создавање на ткива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...