Израелски научници создадоа маска која го уништува корона вирусот

Научници од Универзитетот Технион во Хаифа, Израел, соопштија дека создале заштитна маска за лице, за повеќекратна употреба, што може да го уништи коронавирусот со помош на топлината од полнач за мобилен телефон.



Имено, новиот пронајдок има УСБ приклучок што овозможува напојување преку стандарден полнач за мобилни телефони. Тоа го загрева внатрешниот слој од јагленородни влакна до 70 Целзиусови степени, што е доволно за да го убие вирусот.

Процесот на дезинфекција на маската трае околу половина час. А притоа, додека е приклучена на полначот, маската не треба да се користи, истакнуваат од тимот што дојде до овој изум.

Стручњаците сметаат дека маските за еднократна употреба не се исплатливи и дека ја загадувааат животната средина.

Патентот е пријавен во САД кон крајот на март, а истражувачите, како што самите велат, сега разговараат со приватни компании за производство на маските за широка употреба. Најверојатно, новиот производ ќе биде за еден долар поскап од обичните маски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...