Пациентите по излекувањето од Ковид-19 патат од замор и тешко дишат

Пациентите кои заздравиле од Ковид- 19, со недели, па и месеци, потоа продолжуваат да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болка во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат само еден кат, пишува он-лајн списанието „Europe Today“.



Истражувањето го спроведоа лекарите од клиниката „Џемели“ во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, кои прегледаа 150 пациенти заразени со коронавирус.

Од анкетираните, 87 отсто потврдиле дека имаат барем еден од пост-Kовид симптомите, претежно преголем замор, проблеми со дишењето, некои имале психолошки проблеми, а голем број на пациенти по закрепнувањето покажале знаци на посттрауматско нарушување.

Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалување на телесната маса.

-Кoвид-19 е нова болест и ние засега ги знаеме симптомите, но малку се знае за последиците, и затоа ова истражување, прво од ваков вид, е многу важно, изјави Анџело Карфи.

Позитивно е, посочуваат авторите на истражувањето, дека не се потврдени стравувањата на лекарите дека болеста ќе остави трајни последици врз белите дробови, црниот дроб, очите и срцето.

Лекарите препорачуваат пациентите кои биле лекувани во одделите за интензивна нега и биле подложени на оксидизација, редовно да одат на контроли на повеќе внатрешни органи и мора да поминат низ долг период на физичко и психичко закрепнување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...