Израелски научници ја открија „Ахиловата пета“ на ракот

Израелски научници тврдат дека ја пронашле слабоста на малигните клетки со висок степен на хромозомска нестабилност. Откритието може да помогне во спроведување нови третмани кај пациенти со рак, објави „Jerusalem Post “.



Во науката одамна се знае дека малигните клетки имаат невообичаен број на хромозоми. Тимот истражувачи предводени од Универзитетот во Тел Авив, како што велат, ја откриле „Ахиловата пета“ на тие клетки на ракот.

Д-р Ури Бен-Давид од Медицинскиот факултет „Саклер“ во Тел Авив, го водел истражувањето, па објаснува дека луѓето имаат 46 хромозоми (двапати по 23), но кај карциномот, тој број се менува бидејќи при клеточната делба се случува хромозомска сегрегација, што може да доведе до тн. аневплоидија. Тоа значи присуството на абнормален број на хромозоми во клетката и, не само што предизвикува вообичаени генетски нарушувања, туку е и одлика на клетките на ракот. Оваа појава е забележана кај околу 90 насто од туморите и 75 отсто од ракот на крв.

Научниот труд објавен во списанието „Nature“, е изведен од истражувањата во лабораторијата на Бен-Давид на Универзитетот во Тел Авив, во соработка со шест лаборатории од САД, Германија, Холандија и Италија.

– Општ став е дека штом разбереме како аневплоидните клетки се разликуваат од нормалните и ја најдеме нивната „Ахилова пета“, тоа ќе овозможи селективно уништување на клетките на ракот. Ова откритие овозможува сосема нова насока во медицинските истражувања, објаснува д-р Бен-Давид.

Во овој миг има неколку лекови во клиничките испитувања кои ја инхибираат или забавуваат поделбата на хромозомите, но научниците сè уште не се во можност да утврдат кои пациенти ќе реагираат позитивно на тие лекови. Истражувањата на Бен-Давид посочуваат дека аневплоидијата може да им помогне на научниците да ја предвидат реакцијата на секој пациент.

Подробното проучување на хромозомските абнормалности, исто така, може да доведе до развој на поефикасни третмани на ракот во иднина, бидејќи лекарите ќе можат да вршат тестови за аневплоидија и соодветно да го развиваат потребниот третман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...