Пациенти од цела Европа пријавиле ботулизам по ботокс-инјекции за слабеење

Вкупно 67 пациенти од цела Европа се заразиле со ботулизам откако примиле ботокс-инјекции за слабеење во најмалку две клиники во Турција. Затоа здравствените власти веќе бараат итно предупредување за оваа инјекција.



Сите засегнати пациенти примиле ботокс за желудникот. Истиот ги парализира мускулите на дигестивниот систем и на тој начин го забавува варењето. Турските клиники ги нудат своите услуги за 970 евра на пациенти кои сакаат да ослабат. Во Европа и САД овие услуги се многу поскапи. Ако не се лекува навреме, ботулизмот може да доведе до посериозна парализа.

Најмногу случаи се регистрирани во самата Турција (53 забележани пациенти), потоа Германија (12) и по еден случај во Австрија и Швајцарија. Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека не е јасно што точно го предизвикало ботулизмот. Според турските власти, најголем дел од случаите се по зафати во две клиники, т.е. 60 случаи поврзани со приватна болница во Истанбул и три - со приватна болница во Измир.

Оваа состојба што може да биде опасна по живот, е предизвикана од токсини од бактериите „Clostridium botulinum“. Кога токсините се управуваат од обучени лекари и професионалци, процедурата обично е безбедна, но ако тоа е изведено неправилно, може да предизвика слабост, како и отежнато дишење или голтање.

Последната фаза на болеста е парализа, што на крајот води и до смрт, доколку не се лекува. Иако повеќето од познатите случаи не се толку опасни, неколку пациенти беа примени во болница.

Сите случаи се евидентирани во периодот од 22 февруари до 1 март 2023 година. Европската здравствена организација ги советува сите пациенти кои имале процедура за слабеење со ботокс во наведеното време, веднаш да се јават кај својот лекар, особено при симптоми на ботулизам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Тато, да не спиеш?
- Не! Кажи што сакаш.
- Дај ми 200 денари за во град,
- Остај ме бе, нели гледаш дека СПИЈАМ!

* * *
Се јавува плавуша во Авиоимпекс:
- Се извинувам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на театрите
- Ден на здравственото воспитание на Македонија
1625.- Умре британскиот крал од шкотско потекло...
1703.- Рускиот цар Петар Велики, на утоката на...