Научниците откриваат што се случува неколку секунди пред смртта

Светлината на крајот од тунелот што ја доживувaат луѓето непосредно пред смртта може да биде предизвикана од наплив на енергија сличен на оној кога се добива напад.



Истражувачите од Универзитетот во Мичиген открија дека луѓето доживуваат скок во активноста на гама бранови во областа на мозокот одговорна за свеста, сонот и халуцинации непосредно пред смртта.

Тие веруваат дека овие халуцинации се одговорни за сведоштвата на луѓето кои велат дека гледаат силна светлина, слушаат гласови, пеат или имаат визии на починати роднини кои се покрај нив.

Истражувачите проучувале четворица пациенти кои починале откако доживеале срцев удар додека биле под мониторинг на електроенцефалограм (ЕЕГ). ЕЕГ е тест кој ја мери електричната активност во мозокот користејќи електроди.

Пациентите биле коматозни и не реагирале, па со дозвола на нивните семејства биле отстранети од апаратите за одржување во живот. Како што бил отстранет вентилаторот што ги одржувал во живот, двајца од пациентите покажаале зголемување на отчукувањата на срцето заедно со наплив на активност на гама бранови.

Активноста на гама брановите се смета за најбрза во мозокот и е поврзана со свеста. Високите нивоа на гама обично се поврзуваат со интензивна мисла и зголемен фокус.

Претходните истражувања покажаа дека заболените од шизофренија често доживуваат изливи на високи гама бранови во нивните мозоци. Високи нивоа на гама бранови се забележуваат и кога некое лице ќе доживее напад.

И двајцата учесници во студијата кои доживеале висока гама активност пред смртта, претходно доживеале напади во животот, но не и во еден час пред смртта. Останатите двајца пациенти не покажале исто зголемување на отчукувањата на срцето, ниту пак имале зголемена активност на мозокот.

Студијата ја следи студијата на животни спроведена речиси десет години претходно. Слични знаци на активирање на гама беа забележани во мозоците на умирање и на животните и на луѓето при губење на кислород по срцев удар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...