Повеќето тинејџерки воопшто не размислуваат за чешлањето на својата коса, важно им е сè да биде како што треба и да се спремни за излегување. Сепак, за 13-годишната Меган Стјуард од Британија чешлањето е прашање на живот и смрт.
Оваа девојка не смее ни да помисли на тоа, затоа што статичкиот електрицитет кој се јавува при чешлање едноставно може да го „исклучи“ нејзиниот мозок.

Докторите пред три години ја дијагностицирале Меган со многу ретка болест – синдром чешлање коса.
Нејзината мајка Шерон (41) вели дека болеста ја откриле кога на својата ќерка и ја чешлала косата и кога и се слошило, а потоа и помодреле усните, Призорот бил застрашувачки. Веднаш викнале брза помош.
- Бевме навистина шокирани кога докторите ни соопштија дека нашата ќерка ја има таа болест, никогаш немавме слушнато за тоа, а и докторите рекоа дека одвај чуле за уште еден или два случаја, вели Шерон.

Се смета дека Меган најверојатно го добила ова заболување поради вродинете компликации. Девојчето има кила (хернија на дијафрагмата) кои и ги туркаат белите дробови, така што не можат да растат.
Шерон три месеци пред да се породи забележала дека нешто не е како што треба со бебето, но докторите успеале да ја спасат мајката и бебето. После раѓањето, бебето 18 месеци било на лечење во Кралската болница во Глазгов.
Докторите ја советуваат Меган да избегнува се што предизвикува електрицитет, а не смее да носи ниту облека од полиестер.
- На забавите не смее ни да се приближи до балоните и строго мора да внимава каква облека носи. Но, таа е многу среќно девојче. Им пркоси на сите неприлики, вели Шерон.