Ве нервира бучава? Внимавајте да не патите од мизофонија!

За многу од нас, бадниковата вечера е едно убаво искуство, каде што целата фамилијата се собира и сите уживаат во храната. Но, за оние со ова ретко и неодамна откриено нарушување кое се нарекува мизофонија – самата помисла на таков собир создава анксиозност и страв.

Луѓето со мизофонија мразат одредени звуци, наречени „звучни дразби“ и одговараат на нив со стрес, бес, иритација, па дури и агресија. Чести звучни дразби се џвакањето, тропањето со пенкало, тапкањето.. Чувството на бес се зголемува ако звуците доаѓаат од блиски личности.



- Не сум јадела со своите родители, барем не без тампони во уши, повеќе од една деценија. Имав шест години и почнав да ги слушам родителите како џвакаат за време на вечерата. Во тие моменти, мускулите ми се напнати, срцето забрзано чука и имам потреба да избегам, вели Мередит Русол, 25-годишна учителка на која и е поставена оваа дијагноза.

Меѓу звучните дразби кои и оделе на нерви биле тапкање, чукање, отежнато дишење и тропањето со приборот за јадење, понекогаш дури и тресењето со нозе ја полудувале.

Терминот мизофонија, што значи „мразење на звукот“ е измислен во 2000 година за луѓето кои имале силни реакции на одредени звуци. Во 2013 година, група холандски психијатри прв пат го класифицирале ова нарушување како психијатриско. Никој не ја знае причината, така да тешко е да се одредат некои третмани. Научниците се согласуваат дека ова нарушување има поголема поврзаност со контекстот, отколку со самиот звук.
- Некогаш нивните реакции се локализирани преку одредени луѓе, можеби ќе им смета џвакањето на нивната мајка, но не и на нивниот брат на пример, вели Мирен Еделстејн, која се занимава со ова истражување.



- Но, од каде доаѓаат овие интензивни реакции ако не се предизвикани од самите звуци? Според мое мислење, мизофонијата е условна реакција, вели аудиологот д-р Натан Боман.

Тој прегледал скоро 100 личности со ова нарушување и верува дека неговите пациенти во одреден момент поврзале негативни искуства со одредени звуци и така имаат импулсивна реакција на нив. Овој импулс има врска со начинот на кој мозокот го процесира звукот.

Без оглед на причината, мизофонијата го отежнува животот на оние кои патат од неа, но и на луѓето околу нив. Оние со екстремни случаи велат дека понекогаш сами остануваат дома за да ги избегнат друштвените ситуации и јавните места, бидејќи се плашат дека нешто ќе ја поттикне нивната негативна реакција. Постојат неколку третмани, но не и лек. Русол, чија чувствителност почнала од 6 години, пронашла свои средства за заштита – тампони за уши и слушалки кои и ја отстрануваат бучавата во теретана и јавен превоз. За време на оброците, носи еден тампон во едното уво, додека другото го блокира со раката кога луѓето почнуваат гласно да џвакаат. Исто така и на фамилијарните собири ги користи тампоните и се труди да не се седи близу до своите родители. Не може да слушне за што зборуваат и не може да допринесе во нивниот разговор.

- Не е секогаш идеално. Обично завршувам со јадењето пред сите, одам во кујната, ја мијам чинијата и потоа одам во друга соба, додаде Русол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...