Климатските промени може да предизвикаат големи здравствени проблеми

Климатските промени имаат поголемо влијание на нашето здравје отколку што мислевме. Според едно ново истражување од интернационалниот тим на истражувачи, промените може да се потенцијален ризик за јавното здравје поради зголемен ризик од ширење на болести, небезбедна храната и загадувањето во воздухот, покрај другите работи.



- Кога климатските промени се манифестираат како проблеми со здравјето, отколку само како проблеми со околината или економијата, тогаш станува јасно дека се соочуваме со тешка ситуација која ја погодува сржта на човечката природа, стои во извештајот кој е објавен во еден весник.

Некои од здравствените ризици предизвикани од климатските промени се и повеќе од очигледни. Екстремните услови како што се ураганите, снежните виулици и торнадата убиваат и повредуваат луѓе, а се претпоставува дека тие ќе бидат сè почеста појава. Исто така, голем број луѓе ќе бидат изложени на почести топлотни бранови. Загадувањето на воздухот може да предизвика алергии и астма, сушата може да ги намали здравите плодови, а намалувањето на екосистемите може да го зголеми бројот на пестициди кои може лесно да остварат контакт со луѓето.



Покрај потенцијалните последици, истражувачите исто така расправаат за тоа дека климатските промени овозможуваат една структура на т.н. „потивки здравствени системи“. Потребата да се запре глобалното затоплување може да инспирира прочистување на енергијата, а тоа ќе предизвика и намалување на загадениот воздух. Чистата енергија, инвестирањето во медицинските истражувања и промената во градовите за подржување на здравите животни стилови се меѓу главните препораки во овој извештај. Велосипедот нема само да ја намали потрошувачката на бензин, туку ќе го подобри и вашето здравје.

- Може да спасиме многу животи, да го намалиме ширењето на болестите и да обезбедиме сигурна храна само со прочистување на енергијата. Нашите деца и идните генерации сметаат на нас, изјави Ким Новлтон, научник од Советот за заштита на природните извори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...