Од матични клетки развиле срцево ткиво

Американските научници успеале од матични клетки да развијат срцево ткиво, што би можело да биде голем чекор во лечењето на срцевите заболувања.

Научниците од американскиот универзитет во Калифорнија и институтот за кардиоваскуларни болести „Gladstone“ успешно го извеле лабораторискиот експеримент на издвојување матични клетки од ткива на кожата и нивната трансформација во функционални клетки на срцево ткиво. Истражувачите тврдат дека од трансформацијата направиле микроткива како што се оние во срцевите комори.



Шефот на истражувачкиот тим, Кевин Хелеј, истакнал дека ова е прв случај на вештачко производство на срцеви комори.

- Оваа техника забележително ќе го унапреди развојот на срцевото ткиво кај фетусот, но ќе помогне и при лечење на вродени срцеви мани кај бебињата. Исто така, ќе помогне и во прецизно утврдување на контраиндикациите предизвикани од лекови кај бремени жени, тврди Кевин.

Матичните клетки се основа на клетките кај секој човечки организам, од кои се создаваат сите други клетки, органи и човечки ткива. Кога се раѓа бебето, матичните клетки ја завршиле својата основна функција на создавање организам и остануваат во телото како резерва која служи за обновување и замена на оштетените клетки во текот на животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...