Наскоро може да го снема целото човештво

Едно од најпознатите светски имиња од делот на климатските науки, поранешниот атмосферски физичар на НАСА и сегашниот професор на универзитетот во Колумбија, д-р Џејмс Хансен, оваа недела ја објави долгоочекуваната студија во која предупредува како порастот на температурата од само 2 степени претставува „неверојатна опасност“ за човештвото.



Истражувањето на д-р Хансен открива дека во следните 50 години, нивото на морето ќе порасне за 15 метри. Исто така, тој напомнува дека порастот на температурата од само еден степен може да предизвика пораст на нивото на морето за 5 до 10 метри, како и појава на сè поголем број екстремни олујни невремиња во наредните векови.

Хансен, заедно со 16 климатолози, кои работеле на истражувањето, го нарекле овој извештај „предупредување за човештвото“ со порака до сите светски власти да покренат мисии за намалување на емисиите ни ефектот на стаклена градина.



- Пораката на креаторите на политиката гласи дека се наоѓаме во глобална криза која бара меѓународна соработка насочена кон намалување на емисиите на гасови, што побрзо и поефикасно, изјавил д-р Хансен.

Неговото истражување се темели на топењето на глечерите и сантите мраз на Гренланд и Антарктикот. Тие изјавуваат дека со пораст на глобалните температури, ќе дојде до брзо намалување на мразот со што големите количини на ладна вода ќе се прошират во светските мориња и ќе предизвикаат промени на циркулацијата на водата, по што би се подигнало нивото на светските мориња и тоа со брзина која нема да може да се запре.



- Нарушувањата во општеството и економските последици се само една последица од бројните случувања кои ќе се случат до крајот на овој век, а подигнувањето на нивото на морињата може да биде погубно за целото човештво, додаде Ханс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...