Конечно откриено: Дали постои лек за мамурлак?

Тешка храна и многу вода нема да помогнат по големите пијанства да се излечи мамурлакот следното утро, покажуваат холандските истражувања, објави BBC.

Наместо тоа, се заклучува во студијата, единствен начин да се делува на мамурлакот е помалку да се пие.

Научниците на примерок од 800 студенти истражуваа како се одвива борбата со мамурлакот. Дел од студентите јаделе храна по алкохолот, вклучувајќи и тешка храна и обилен појадок со надеж дека ќе ги избегнат посталкохолните главоболки и вртоглавицата. Со иста цел дел од нив пиеле вода и пред одење во кревет и по станувањето. Ни една од групите немале поголеми разлики во тежината на главоболките.

- Водата ќе помогне да ја задоволи жедта, но нема ја излечи мачнината и главоболките, вели професор Јорис Верстер од универзитетот во Утрехт.

Поранешните истражувања утврдија дека четвртина од оние кои пиеле тврдат дека никогаш не страдале од мамурлак. Холандските научници тврдат дека тоа е затоа што „пијат премалку за мамурлакот да се развие“. По нивните истражувања, меѓу студентите кои „навистина добро“ се напиле немало имуни на мамурлакот.

- Работата е многу едноставна, изјави Верстер. - Колку повеќе пиете, поголема е веројатноста за мамурлак.

Дел од проблемите со мамурлакот лежи во тоа што научниците не знаат што точно го предизвикува.

- Истражувањата покажаа дека тоа не е само дехидрација. Знаеме дека имунолошкиот состав е некако поврзан, но додека не бидеме сигурни што го предизвикува, мала е веројатноста дека ќе го пронајдеме лекот, рече Верстер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...